Владо Бучковски, денеска ја започнува својата прва официјална посета на Бугарија.
Од бугарското МНР соопштија дека вицепремиерот и министер за надворешни работи Екатерина Захариева денеска ќе го прими специјалниот претставник на Република Северна Македонија за Бугарија Владимир Бучковски.
По разговорите, Захариева и Бучковски ќе одржат прес-конференција во Министерството за надворешни работи.
Синоќа претседателот на државата Стево Пендаровски во интервју за Сител рече дека доколку во следните 48 часа не се постигне договор со Бугарија, ќе треба да чекаме да завршат изборите во Бугарија кои се закажани за месец март.