Македонија

22 годишна девојка од Скопје почина од коронавирус

Уште 28 лица починаа како последица од Ковид-19 во последните 24 часа. Најмладиот имаше само 22 години од Скопје. Од Јавно здравје не објавивија дали имал претходни коморбитети. Вчера животот го загуби едно 28-годишно лице.

„Од починатите, најмладиот има 22 години, а најстариот 83 години. Двајца се починати вон болнички услови, а 26 во болнички услови. Пет пациенти се од Скопје (58, 75, 67, 78 и 22г), еден од Куманово (69г), еден од Дебар (66г), шест пациенти од Прилеп (70, 77, 53, 56, 69 и 82г), двајца од Струга (59 и 69г), еден од Велес (66г), тројца од Битола (76, 69 и 61г), еден од Кавадарци (57г), еден од Гостивар (83г), еден од Радовиш (80г), еден од Крушево (64г), еден од Кочани (65г), еден од Пробиштип (78г), двајца пациенти од Кратово (76 и 76г) и еден пациент од Кичево (80г).“, се вели во соопштението од Институтот за Јавно здравје.

Имате вест, приказна или проблем? Пиши ни