Македонија

За 10 години, 66.000 Македонци станале Бугари – речиси сите навеле дека имаат бугарско потекло

Во последните 10 години, од 1 јануари 2010 до 22 октомври 2020 година, вкупно 77 829 државјани на Република Северна Македонија поднеле барање за добивање бугарско државјанство, пренесуваат бугарските медиуми.

Речиси во сите барања било наведено дека барателите имаат бугарско потекло.

Овие податоци ги објавила бугарската министерка за правда Десислава Ахладова на седница во парламентот одговарајќи на пратеничко прашања на Христо Гаџев од парламентарното мнозинство. Гаџев, пренесува бугарски „Дневник“, го поставил прашањето коментирајќи во насока дека додека Македонците сакаат да извадат бугарско државјанство, кое ги прави граѓани и на ЕУ, во Северна Македонија се води недопустлива политика против Бугарија.

Имате вест, приказна или проблем? Пиши ни