Македонија

Затворен угостителски објект во тетовско, приведени лица поради непочитување на мерките, трговија со луѓе и поради дрога

Синоќа во 22.35 часот во угостителски објект во с. Жеровјане, тетовско при спроведена акциска контрола од полициски службеници од СВР Тетово и Државниот пазарен инспекторат биле затекнати околу 40 гости при што бил приведен сопственикот и двајца гости кај кои била пронајдена дрога.

МВР информира дека од слобода биле лишени сопственикот на објектот Х.А.(31) од с.Боговиње, тетовско, поради постоење основано сомнение дека сторил две кривични дела „Непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“ и „Трговија со луѓе“, како и двајца гости во објектот И.Д.(30) од Тетово бидејќи кај него била пронајдена прашкаста материја и Е.З.(21) од с. Горно Седларце, тетовско, кај кого била пронајдена марихуана.

Исто така, во објектот биле затекнати и седум државјанки на Србија, една државјанка на Бугарија и две македонски државјанки кои работеле во угостителскиот објект и истите се лишени од слобода. Објектот е затворен од Државниот пазарен инспекторат и по документирање на случајот ќе бидат поднесени соодветни поднесоци.

Имате вест, приказна или проблем? Пиши ни