Претседателот на државната изборна комисија, Оливер Дерковски во изјава за ТВ21 вели дека, одредени лица наместо да бидат во изолација излегле на гласаше во Штип.
“Имаше одредени, на едно или две избирачки места, пријава дека гласале лица кои што требало да бидат во домашна изолација. Дадовме насоки да се повика МВР и полицијата бидејќи тие се во нивна надлежност да направат службена белешка и да постапат понатаму како што е согласно законот. На избирачкиот одбор му е дадена насока да го констатира настанот, времето, лицата кои што тоа го направиле, понатаму за да може да се процесуира целата постапка”.
вели за ТВ21, Оливер Дерковски – претседател на ДИК
До 15 часот во Штип на гласање излегле 23,04%, или 9.620 гласачи, од вкупно запишаните 41,777, колку што имаат право на глас.