Македонија

Мандат од девет месеци, Штип и Пласница добија нови градоначалници

Државната изборна комисија преброи 100% од гласачките ливчиња, Сашко Николов од СДСМ со 80,31% од гласовите ќе биде градоначалник на општина Штип, а Алија Јаоски од ДУИ со 85,92% гласови на Пласница.

И во двете општини е постигнат потребниот цензус над 33,33% (една третина) на регистрирани гласачи.

Поради бојкотот на ВМРО-ДПМНЕ, токму изборите во Штип беа политичка битка на владејачката СДСМ за обезбедување на неопходната излезност. ВМРО-ДПМНЕ немаше кандидат и бараше изборите да бидат одложени, повикувајќи се на состојбата со Ковид-19. Во Штип, кандидатот на Интегра, Симон Поликарп има освоено 1.198 гласови, Лазар Наумов од ТМРО – 284 гласа, Трајчо Митев – 283, а Гоце Анѓелов од коалицијата „Иднината во наши раце“ – 271 глас. За Пласница, кандидатот Рамазан Шерифовски од Движењето за национално единство на Турците освои 231 глас. Новите градоначалници ќе имаат мандат од девет месеци, сè до редовните Локални избори во 2021 година.

Имате вест, приказна или проблем? Пиши ни