Балкан

Во Србија само со ПЦР тест, ценатата за странци е 153 евра

Српската влада соопшти дека донела нови мерки кои во понеделникот беа предложени од Кризниот штаб за заштита на здравјето на населението од заразната болест Ковид-19, кои стапуваат на сила во недела, 20 декември.

Граѓаните на Србија кои немаат негативен ПЦР тест, мора да бидат во домашна изолација 10 дена. Тие можат да се тестираат во Србија и ако нивниот ПЦР-тест е негативен, повеќе нема да имаат обврска да бидат во домашна изолација.

-Имајќи ги предвид новогодишните и божиќните празници, се очекува традиционално поголема фреквенција на луѓе на сите гранични премини. Со цел спречување на ширењето на коронавирусот, раното откривање на заразените лица и заштита на здравјето на жителите на Србија, Владата донесе решение со кое е дозволен влез во Србија само со негативен ПЦР тест, не постар од 48 часа, се наведува во соопштението.

Имате вест, приказна или проблем? Пиши ни