Уште едно медицинско лице ја загуби битката со коронавирусот. Унијата на ЗМСТАС (Здружение на медицински сестри, техничари, акушерки и стоматолошки сестри) изрази жалење за прерано згаснатиот живот на 40-годишната сестра Ирена Дојчиновска Милошевска од Геронтолошкиот завод „13ти Ноември“ во Скопје.
40-годишна медицинска сестра Ирена Дојчиновска-Милошевска починала од ковид-19, објави Здружението на медицински сестри, техничари, акушерки и стоматолошки центри.
– Вирусот е навистина безмилосен и не постојат рамки на возраст во кој тој напаѓа. Ова не е првата жртва медицинска сестра, меѓутоа е најмладата. Медицинските сестри секојдневно го ризикуваат својот живот и животот на своите најблиски за пациентите. Ве молиме придржувајте се до мерките и помогнете на здравствениот систем кој одамна се бори вон своите можности. Унијата на ЗМСТАС сестра Ирена ќе ја памети како некој кој несебично се даваше во сите активности поврзани во нашата борба за сестринските права, ќе ја паметиме како голем човекољубец, лојален соработник и голем пријател. Изразуваме сочувство до семејството и најблиските, истакнуваат од извршниот одбор на Унијата и додаваат дека нејзиниот погреб ќе биде утре, на денот на нејзиниот роденден.