Македонија

И Македонија ги забранува летовите со Велика Британија – воведена и задолжителна изолација

Комисијата за заразни болести денеска предложи задолжителна самоизолација од 14 дена за сите патници кои доаѓаат од Велика Британија, како резултат на забрзано ширење на коронавирусот во таа земја.

Премиерот Зоран Заев пред неколку минути на својот „Фејсбук“ профил објави дека се забранети сите летови од Велика Британија, а дополнително се воведува задолжителна самоизолација од две недели за сите кои ќе пристигнат од таа земја, на било кој начин.

„После најновите информации поврзани со појавата на забрзано ширење на коронавирусот во Велика Британија, на денешниот главен кризен КОВИД-19 штаб донесовме одлука за забрана за сите летови од Велика Британија во Северна Македонија. Дополнително, се воведува и задолжителна 14-дневна самоизолација за сите патници што по воздушен или копнен пат, директно или индиректно пристигнуваат од Велика Британија во Северна Македонија.“, напиша Заев.

Имате вест, приказна или проблем? Пиши ни