Страшни фотографии се објавени на Фејсбук страницата на противпожарната единица во Струмица, по синоќешната тешка сообраќајна несреќа.
26 годишното момче кое се наоѓало во автомобилот, го ваделе со хидраулични алати од смачканиот автомобил.
На булеварот каде што се случила сообраќајната несреќа брзината на движење е ограничена на 50 километри на час, но неофицијално се информира дека момчето брзо возело и притоа користело мобилен телефон.