Македонија

Регистрирани повеќе оздравени од новозаразени – статистика за последните 24 часа

Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 644 оздравени пациенти, што е за малку повисок од бројот на регистрираните новозаболени во изминатоите 24 часа.

Од оздравените , најмногу се од Скопје-241, потоа Куманово-33, Штип-25, Прилеп-66, Тетово-26, Струга-44, Велес-12, Битола-29, Охрид-51, Кавадарци-2, Гостивар-37, Гевгелија-8, Струмица-11, Крива Паланка-11, Радовиш-5, Крушево-2, Кочани-10, Пробиштип-2, Берово-5, Виница-1, Кратово-3, Свети Николе-5, Кичево-8, Ресен-6 и Неготино-1.

Направените 2510 теста од кои 627 биле позитивни.

Најмногу тестови се направени преку ЈЗУ (рапид тестови“ 752 и преку ИЈЗ 704. ЦЈЗ Скопје-65, Биотек-182, МАНУ -145, Жан Митрев (Филип Втори)-94, Систина со PCR метода -162, лабораторија Лаор –25, Судска медицина-6, ЦЈЗ Битола-55, Инфективна клиника-4, ГАК-11, Синлаб-40, Ремедика-18, лабораторија болница Козле-18, ЈЗУ (рапид тест) -752, УК Пулмологија со алергологија –0, лаборатории од странство-0. Досега во земјата се направени вкупно 386.279 тестирања на Ковид -19.

Имате вест, приказна или проблем? Пиши ни