Свет

Силен земјотрес утрово во Турција

Силен земјотрес со јачина од 5,3 степени според Рихтеровата скала утрово околу 7 часот ја погоди Турција, објави Турската агенција за управување со катастрофи и вонредни состојби.

Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар првично извести дека јачината на земјотресот била 6,4 степени според Рихтеровата скала, но турските медиуми, кои се повикуваат на официјалните државни служби, наведуваат дека земјотресот е сепак послаб.

Епицентарот бил на околу 20 километри јужно од градот Елазиг. Засега нема информации за можна штета …

Инаку, градот Елазиг се наоѓа во сеизмички активен регион. На почетокот на годината, силен земјотрес со јачина од 6,4 степени го погоди тој град. Најмалку 41 лице загинаа, а 1.607 беа повредени во тоа време, според „Дејли Сабах“.

Турција е меѓу најсеизмички активните земји во светот, бидејќи се наоѓа на неколку активни раседи, и десетици помали земјотреси се случуваат секој ден.

Имате вест, приказна или проблем? Пиши ни