Македонија

Тешка сообраќајка во Скопје- мотоциклист со тешки повреди итно пренесен во болница

На 28.12.2020 во 11,15 часот во Скопје на крстосница од булеварите „АСНОМ“, „Киро Глигоров“ и „Србија“ се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко моторно возило „мерцедес спринтер“ со скопски регистарски ознаки, управувано од А.С.(21), и мопед „хамачи“ со скопски регистарски ознаки, управуван од А.Е.(21), и двајцата Скопје- информира полицијата.

По незгода, А.Е. е пренесен во Комплекс клиники „Мајка Тереза“, каде му се констатирани тешки телесни повреди. Извршен е увид на местото од на настанот.

Имате вест, приказна или проблем? Пиши ни