Францускиот амбасадор, во своето прво ТВ интервју по назначувањето, вечерва во „Click Plus“ на ТВ21 рече дека спорот со Бугарија брзо треба да биде решен.
Сирил Бомгартнер, смета дека европскиот интерес се повеќе се засилува во насока да се најде решение во меѓу Македонија и Бугарија во што е можно пократок рок.
Францускиот амбасадор Сирил Бомгартнер во своето прво интервју по доаѓањето во земјава, за ТВ21 вели дека разочарувањето кое граѓаните на нашата држава го почувствуваа на патот кон ЕУ е разбирливо. Но тој оптимистички гледа на процесот, додавајќи дека работите се менуваат и дека проблемот со соседна Бугарија ќе биде надминат.