Свет

ВИДЕО: Последен говор на Меркел како лидер на ЦДУ, планира да остане канцеларка до 2021 година

Германската канцеларка Ангела Меркел го имапе последното обраќање како лидер на владејачката Христијанско демократска унија на партиската Конференција во Хамбург. Таа се поздрави со сопартијците со емотивен говор во кој рече дека и било чест што имала можност 18 години да биде на чело на партија.

Меркел беше поздравена со деветминутни овации на почетокот на Конференцијата, на која треба да биде избран нејзин наследник на функцијата партиски лидер. Меркел беше избрана за лидер на ЦДУ во 2000 година, по што во 2005 стана и германски канцелар. Во октомври годинава таа најави дека на декемвриската Конференција на ЦДУ нема да се кандидира за уште еден мандат на функцијата партиски лидер, но дека планира да остане на местото канцелар до 2021 година.

Извор: ТВ21

Имате вест, приказна или проблем? Пиши ни