Македонците кои живеат и се во моментов во Париз во текот на утрешниот ден да не излегуваат на јавни места поради најавените портести, информираше македонската Амбасада на официјалната веб страна на амбасадата. Тие препопрачуваат да се избегнуваат местата во центарлното подрачје на плоштадите Конкорд и Бастиља, Триумфалната капија, Елисејската палата и Националното Собрание. ТВ21 побара одговор од Амбасадорот на Франција во Македонија дали е сериозно нарушена безбедноста на граѓаните:
„Информациите од мојата Влада се дека може да дојде до големо безредие. Доволни се неколку екстремни испади да се направат големи штети“, вели Кристијан Тимоние – Амбасадор на Франција во Р.М за ТВ21.
Со оглед на тоа дека и во нашата земја често се протестира, го прашавме Амбасадорот дали ги поддржува протестите во Македонија.
„Амбасадорите можат да поддржуваат само манифестации кои ги поддржува Владата“, додава Тимоние.
Изминатиов период Париз го сврти вниманието и на светската јавност и на медиумите поради зачестените протести. Започнаа против покачувањето на цените на горивата, продолжија со протестите на студентите, а за утре се очекуваат најмногу безредија споредени со овие од периодов. Уапсени се 400-тини луѓе, повредени 133, од кои 23 полицајци. Полицијата употреби и солзавец и водени топови за да ги растера демонстрантите. Учесниците во демострациите се нарекуваат себе си „Жолти елеци“ според бојата на опремата што возачите треба да ја носат во опасни ситуациии. Поради незадоволството на граѓаните француската левица во понеделник ќе поднесе барање за гласање недоверба на Владата на Макрон во долниот дом на францускиот парламент. Амбасадорот Тимоние вели дека тоа е демократски чин, но не верува дека ќе успее поради мнозинството на пратеници од партијата на претседателот Макрон.
РЕПОРТЕР: АЛЕКСАНДРА ВЕЛИНОВА