Водителката Јелена Обужина ја започна вечерашната емисија „Преглед на денот“ Newsmedia Adria на необичен начин – со тишина и со тоа испрати феноменална порака.
Имено, по „Добра вечер“, а замолкна и таа непријатна тишина траеше околу 15 секунди. Тогаш таа нè потсети на сите оние настани, неправди, лаги и измами за кои ние како граѓани молчевме, без да креваме глас.
Меѓу најновите е случајот со младата актерка Милена Радуловиќ, која храбро се појави и во признанието откри дека нејзиниот педагог и професор по глума Мирослав Мика Алексиќ ја силувал кога имала само 17 години.