Балкан

Задолжителен ПЦР за влез во Бугарија

Бугарскиот министер за здравство Константин Ангелов денеска рече ПЦР тест за ковид-19 ќе биде задолжителен за сите патници за влез во земјата.

Ангелов наведе дека целта на рестриктивните мерки е спречување на нов, позаразен тип на вирусот, откако во Бугарија се регистрирани осум случаи.

– Ќе направиме ПЦР тестовите да бидат задолжителни за сите патници кои влегуваат во земјата, вклучувајќи ги и оние од земјите членки на Европската Унија, најави Ангелов.

Бројот на заболени со ковид-19 во Бугарија е во опаѓање, па затоа и намерата на владата во Сиофија да ублажи дел од рестриктивните мерки.

Ноќно студио

Најнова епизода

Ноќно студио со Ивана Петковска, Коалицијата „Сите за правично судење“ 17.09.2026

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни