Лицата од казнено-поправниот дом во Куманово беа првите со кои денеска почна пописот на населението.
Во првата фаза на пописот опфатени се вработените во дипломатско- конзуларните претставништва и нивните семејства, дијаспората, припадниците на армијата во странство, затворениците и бездомниците.
Министерот за правда и директорот на Државниот завод за статистика оценија дека засега пописот се одвива во најдобар ред.
Тие повторија дека оваа операција е во интерес на сите граѓани…