Во последните 24 часа се направени 3.323 тестирања, а регистрирани се 721 нови случаи на ковид-19 во: Скопје – 357, Прилеп – 72, Кавадарци и Гевгелија – по 42, Неготино – 30, Охрид – 26, Велес – 20, Гостивар – 18, Куманово – 17, Битола – 16, Кочани – 12, Крушево – 10, Струга – 8, Штип и Богданци – по 7, Крива Паланка – 5, Кичево, Ресен и Валандово – по 4, Тетово и Виница – по 3, Струмица, Делчево, Демир Капија и Пехчево – по 2, Свети Николе, Радовиш, Пробиштип, Кратово, Македонска Каменица и Дојран – по 1.
Како што соопшти Министерството за здравство, регистрирани се 1.753 оздравени пациенти, а пријавени се вкупно 9 починати лица. Починати се по 3 пациенти од Скопје (85г,80г,69г,), 2 пациенти од Куманово (81г,74г) и по 1 пациент од Прилеп (75г), Велес (73г), Крива Паланка (73г) и Валандово (71г). Осум пациенти се починати во болнички услови, додека еден пациент е починат во домашни услови.
Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 105.269, бројката на оздравени пациенти е 93.942, на починати е 3.165, а бројот на активни случаи изнесува 8.162.
Досега во земјата се направени вкупно 533.505 тестирања на Ковид-19.