Македонија

Почина сопственик на националното радио Канал 77, Горан Гаврилов

Со голема жалост ја примивме денешната вест за смртта на нашиот колега, претседателот на Надзорниот одбор на Советот за етика во медиумите на Македонија и сопственик на националното радио Канал 77, Горан Гаврилов.


Гаврилов ќе остане запаметен како неуморен, посветен и амбициозен борец за остварување на својата визија за подобрување на состојбите во медиумската сфера, учествувајќи во многубројни процеси и иницијативи во оваа област.


Сочувство до семејството, пријателите, соработниците и до редакцијата на Канал 77. Слава му!

Ноќно студио

Најнова епизода

Што се случува со „Алта банка“? Ноќно студио со Кирил Миноски

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни