Македонија

ОЈО-Гостивар поднесе обвинение против маж за силување

Обвинетиот, на 19 декември, околу 21 часот, со употреба на сила и закана ја присилил на обљуба оштетената. Тој ја однел во неговата куќа во Гостивар, каде физички ја нападнал со тупаници и клоци и ја принудил на сексуален однос, иако таа цело време давала отпор и се противела. Во еден момент оштетената успеала да го оттурне од себе и да избега, а дејствијата на осомничениот ги пријавила во полиција, информираат од Јавното обвинителство.

Имате вест, приказна или проблем? Пиши ни