Македонија

Советници од Битола, на седница на совет се вклучуваат од „локации кои им сметаат на битолчани“

Советот на Општина Битола функционира online поради коронавирусит, иако одреден период седниците повторно започнаа да се одржуваат со физичко присуство.

За време на денешната седница, независната советничка група „Поинаку“ на online седницата се вклучуваше од локации кои како што велат тие „им сметаат на битолчани“.

„Се расправаше за завршната сметка на Општина Битола. За ваква важна точка не можеше да има седница ама затоа пак по штабови можи да има состаноци и да шетате по куќи да ажурирате членство. Наместо во фотелјите излезете низ град да ги видите вистинските Битолски Проблеми и проектите кои ги ветивте а не ги остваривте. Додека седниците се одржуваат на овој начин, ние ќе се вклучуваме од локации кои им сметаат на битолчани, со надеж дека ѕиркачите и ботовите ќе ви пренесат шо има за крпење низ град“, велат од Поинаку.

May be an image of outdoors
May be an image of body of water
May be an image of one or more people, outdoors and text that says 'noиHaKy! #bitolapredse'

Имате вест, приказна или проблем? Пиши ни