Македонија

3 милиони денари за млади истражувачи – ФИТР објави нов јавен повик за проекти во основните и средни училишта

Една од целите на современите образовни системи е да ги поттикне учениците слободно да размислуваат и да наоѓаат креативни решенија за проблемите и прашањата со кои се соочуваат. Истовремено е важно да се негува детската љубопитност за осознавање на светот на начин кој ќе ги преиспитува однапред дефинираните вистини. Целта е да се поттикнат наставниците и наставничките, ученичките и учениците да ги препознаат своите способности, да ги усовршуваат своите вештини и да соработуваат во насока на остварување на заеднички цели. Само така ќе можеме да израснеме генерации кои ќе го унапредат начинот на кој размислуваме, начинот на кој ги практикуваме секојдневните активности и меѓусебно комуницираме.

Зачувувањето и унапредувањето на животната средина е еден од основните приоритети како на глобално ниво, така и на национално ниво, а воедно и една од темите кои се најчесто застапени во досегашните истражувачки проекти.

Поаѓајќи од ова, Фондот за иновации и технолошки развој (ФИТР) и Министерството за образование и наука (МОН) Ве повикуваат да учествувате на новиот „Предизвик за млади истражувачи 4 – ЗЕЛЕНИ ПРОЕКТИ“.

Повеќе детали може да најдете ТУКА.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни