Свет

Низ Париз на „готовс“ 90 илјади полицајци, туристичките атракции денеска затворени

Владата на Франција е во паника по најавените денешни протести на „жолтите елеци“ кои имаат барања до властите за подобар живот на францускиот народ. За денеска се најавени големи протести во Париз, и токму поради тоа на улиците низ главниот француски град се распоредени блиску 90 илјади полицајци.

Тие ќе треба да воспостават ред, а од безбедносни причини Париз се реши да ги затвори сите туристички атракции за денеска, вклучувајќи ја и Ајфеловата кула, Триумфалната капија и музејот „Лувр“.

Викендов нема да се игра ниту фудбалското коло во Франција поради најавените протести.

Во минатонеделните протести, загинаа три лица, а неколку стотици беа повредени. „Жотлтите елеци“ издвојуваа победа, и Владата се реши да не ја зголемува цената на горивата.

Извор: ТВ21

Имате вест, приказна или проблем? Пиши ни