Македонија

Филипче кажа дали Рашковски ќе оди во карантин по враќањето од одморот во Мексико

Поранешниот генерален секретар и советник во Владата Драги Рашковски е на одмор во Мексико. Оваа информација ја потврил и самиот за „Фокус“ откако претходно дел од медиумите пишуваа дека тој можеби се дал во бегство.

Министерот за здравство Венко Филипче на денешната прес-конференција на новинарско прашање одговори дали Рашковски ќе биде во карантин по враќањето од доморот.

„Карантин од 14 дена е препорачан за луѓе коишто патуваат во земји на африканскиот континент. Причина за тоа е евентуална трансимија на вирусот така наречен јужноафиркански, која што варијанта се карактиризира по тоа што многу побрзо се пренесува и се уште не се знае ефектот на вакцините на овој сој.

Не би сакал да коментирам индивидуални одлуки“, кажа Филипче.

Имате вест, приказна или проблем? Пиши ни