Утрово во 7 часот најмногу снег имало во Ѓуриште (светиниколско) со 17 сантиметри, а во Крушево 15 сантиметри, објавуваат од УХМР.
Снежна покривка има и во Маврово, Попова Шапка, Битола, Прилеп, Штип, Кичево, Дебар…
Ноќеска имаше и врнежи од дожд насега низ земјава. Најмногу наврна во Претор (24 л/м2). По него следуваат во Гевгелија 22, Струмица 21, Дојран 20.
Најстудено утрово беше во Попова Шапка (-7), Маврово беа измерени -4, исто и во Крушево. Во Скопје беа измерени нула степени.