Македонија

ФИТР и Швајцарската програма за зголемување на пазарната вработливост (ИМЕ) потпишаа меморандум за соработка

#ФИТР и Швајцарската програма за зголемување на пазарната вработливост (ИМЕ) потпишаа меморандум за соработка со која обезбедуваат директна менторска поддршка за побрза комерцијализација и примена на проектите од јавниот повик Предизвик за дигитализација на земјоделството.

ДФИТР Коста Петров: Нашата држава ги следи примерите на развиените земји во кои дигитализацијата веќе се воведува и во најделикатните сегменти на земјоделството. Обезбедените финансиски средства за напредните старт-апи кои веќе имаат развиен прототип на иновативен производ или услуга е нашиот прв крупен исчекор кон воведување на современа технологија во земјоделството.

Преку програмата ќе биде обезбедено и поврзување на стартапите со агробизниси и земјоделци кои може да бидат корисници на иновативните решенија.

Тим лидер на проектот ИМЕ, Горан Дамовски: Поддршката на иновативни дигитални решенија ќе придонесе кон употреба на напредни агротехнички мерки во одгледувањето на земјоделските култури, зголемена продуктивност и зголемени приходи за земјоделците како и користење на  паметна технологијата во пост-бербените активности и финализација на производите со додадена вредност.

Рокот за аплицирање на Предизвикот за дигитализација на земјоделството е до 16.04.2021 година. Сите дополнителни информации можат да се добијат на: https://fitr.mk/agrodigital/

Имате вест, приказна или проблем? Пиши ни