Македонија

Османи: Граѓаните го казнија Каракачанов поради неговата анти-ЕУ политика

Министерот за надворешни работи Бујар Османи, во интервју за ТВ21 вели дека граѓаните на Бугарија на изборите кои се одржаа викендов, го казнија Каракачанов и неговата партија поради анти-ЕУ политиката.

„Не дозволивме да влеземе во приказните на господинот Каракачанов. Пораката од изборите е многу важна, во смисла дека спречувањето на ЕУ перспективата на Северна Македонија, не е тоа што бугарските граѓани го посакуваат. Тоа значи бугарските граѓани не поддржуваат таква политика, и тоа е најсилната порака од изборите. Дека народот не е против европската перспектива, народот бара соработка меѓу двете земји, и се надевам дека тоа ќе се преточи во политички ставови на партиите кои добија глас од бугарските граѓани“, рече Османи.

Ноќно студио

Најнова епизода

Што се случува со „Алта банка“? Ноќно студио со Кирил Миноски

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни