Македонија

Од „Кожувчанка“ најавија голема донација за сите ковид центри во Македонија

Компанијата „Кожувчанка“, којашто е во сопственост на градоначалникот на Кавадарци, Митко Јанчев најави голема донација за ковид-центрите и центрите за вакцинација ширум државата.

„Многу бројните донации низ годините ја прават Кожувчанка ДОО на прво место како најголем опшествено одговорен поборник, особено онаму каде е најпотребно.Во последната година откако започна пандемијата, неизмерно поддржуваме голем број на клиники и Ковид центри насекаде во наша држава со негазираната природна изворска вода Изворска.

Особено ни е чест и гордост на нашата последна соработка со Министерството за здравство со кои направиме договор за донација на неограничена количина на Изворска за сите вакцинални пунктови во државата, вклучувајќи го и најголемиот вакцинален пункт во А1 Арената Борис Трајковски во Скопје.

Во овие тешки моменти нашата компанија несебично помагаше онаму каде што беше потребно, се радуваме што и во овие моменти на вакцинација и имунизација ќе го направиме истото“, стои во објавата на facebook на компанијата „Кожувчанка“.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни