Ќе се иницира Владата да креира работна група која ќе работи на Националната стратегија за вештачка интелигенција.
Директоро на ФИТР Коста Петров вели дека институционално ќе ја предводи фондот, а оваа стратегија потоа ќе влезе и во големата слика за развојот на државата, односно Националната развојна стратегија 2021-2041.
Претставници од пет домашни стартап компании вечерва во новиот #FITRCLASSROOM (ФИТР училница), дискутираа за предизвиците, идеите и можностите за развивање иновации од областа на вештачка интелигенција.
Се поголемата примена на вештачката интелигенција (AI) во повеќе индустрии и ефектот кој оваа технологија го има врз глобалната економија, придонесе многу компании да почнат со инвестирање во проекти, во кои компјутерски систем извршува задачи и активности типични за човечкиот ум и способност.