За разлика од другите економски пакети за сите корисници на финансиската поддршка за исплата на плати за февруари и март е предвидено 50 отсто од исплатената помош да се трансформира во грант, без никакви услови.
„За оваа мерка издвоивме 1,9 милијарди денари од буџетот за 2021-ва или околу 31 милион евра ќе се опфатат околу 60.000 работници. За секој работник ќе биде исплатена поддршка во износ од 14.500 денари до 21.776 денари за месец“ – изјави Фатмир Бесими, министер за финансии.
Сите оние фирми што ќе инвестираат во основна опрема, целата исплатена помош ќе се трансформира во грант, најави министерот за финансии.
УЈП соопшти дека за февруари вкупно 3.774 работодавци не исплатиле бруто-плата за 14.998 вработени, додека за март овој број е поголем за 5,5 пати. Главна причина за доцнењето е ненавременото носење на петтиот пакет на поддршка во собранието, вели директорката Лукаревска.
„Додека за месец март 2021-ва, во законскиот рок до 15 април бруто-плата немаат исплатено 14.998 работодавци за 54.662 вработени лица“ – изјави Саша Лукаревска, директорка на УЈП.