Владата донесе одлука за формирање работна група за подготовка на Национална стратегија за вештачка интелигенција, a #ФИТР ќе обезбеди номинации за членови на работна група.
Изготвувањето на Стратегијата произлегува од определбата за долгорочно стратешко планирање и на стратегијата треба да се гледа како дел од планот за економски развој на Република Северна Македонија и дел од Националната развојна стратегија 2021-2041.
Иницијативата за креирање на Национална стратегија за вештачка интелигенција е со цел да се овозможи дигитална трансформација на целата индустрија, ќе им овозможи на компаниите да ги надминат предизвиците со кои се соочуваат и ќе создаде можности за развој на вештачката интелигенција од страна на компаниите.