„Ако е тоа точно и ако тоа е навистина така, тогаш тоа е скандалозно од повеќе причини и повеќе нивоа. Би рекла ако тоа е така и ако доаѓа од земја членка на Европската Унија, а Словенија е членка на Европската Унија, а Јанша е премиер на земја која е член на Европската Унија, тогаш е тоа всушност запрепастувачки. Пред се поради фактот што Европската Унија не покажува на било кој начин, поготово не во последно време, во последните години, многуте изговори се заради пандемијата но јас не мислам така, значи не покажува никако интерес повеќе за она што се нарекува Западен Балкан, за иднината на тој дел на Европа и тој дел од светот, а знаеме колку е тоа важно за сигурноста првенствено на Европа и конечно за сигурноста на Европската Унија. Значи по мое мислење не се отвора никаква европска перспектива за земјите од Западен Балкан кои не се членки на Европската Унија и сега да се вратам на вашето прашање, ако тоа е навистина така тогаш е скандалозно и е навистина незамисливо да некој кој доаѓа од земја на Европската Унија во 21-от век помисли дека овде било што одново може да се црта, да се крои без крвави пресметки и без крвав епилог на крајот.“, вели Косор.