Македонија

Лукаревска: Фирми пробуваат да ургираат за да не платат казна

Во „Клик Плус“ на ТВ21 вечерва водиме дебата со Сања Лукаревска, директорка на УЈП, и Данела Арсевска претседател на Сојузот на стопански комори.

Лукаревска коментираше околу контролите кон компаниите кои не работат по прописите, и рече дека има фирми кои што не плаќаат данок, и на крајот ургираат за да не платат, и покрај тоа што владата ја намалила висината на казните.

„Имаме одлична координација со вицепремиерот за борба против корупцијата, со МВР, со сите институции кои се под МФ, инспекцискиот совет, и секој треба да постапува.

Борбата е со овие нерегистрирани компании кои не плаќаат данок, а прават голема штета. Тие се почесто мета на контроли, проверки блокирани сметки, од оние кои се регистрирани.

Трагедијата да биде поголема, истите тие кои не работат добро, односно пример оние кои издаваат фискални сметки, истите тие реагираат и бараат начин како да не ја платат казната. Да не заборавиме дека владата ја ублажи казнената политика. И на сето тоа повторно се ургира и повторно не сака да се плати казната“, рече Лукаревска.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни