Македонија

Трагедија во Битола: 21-годишник пронајден мртов во својот дом

Секторот за внатрешни работи-Битола информира дека битолчанец на 21-годишна возраст е пронајден мртов во својот дом.

Станува збор за С. Б. (21 г.) од Битола, кој живеел на улицата „Бранко Радичевиќ“ кај кого екипа на Итна медицинска помош констатирала смрт без траги на насилство.

По наредба на јавен обвинител, телото е предадено на обдукција, соопштија од секторот за односи со јавност на СВР-Битола.

Ноќно студио

Најнова епизода

Што се случува со „Алта банка“? Ноќно студио со Кирил Миноски

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни