Повеќе од десетина дена Финансиската полиција „чешла” телевизија Алфа, а на чешлањето се надоврзува и МВР преку своето одделение за организиран криминал – дознава Радио Лидер од извори во МВР.
Како што дознава Радио Лидер од свои извори во Финансиската полиција се проверува документацијата на фирмата за финансиско работење. Според неофицијални информации се работи за контрола на договори за соработка меѓу телевизијата и правни лица. Од финансиската полиција побарале целосна документација за да увидат со кои правни субјекти Алфа има деловен однос.
Од финансиската полиција исто така побарале да имаат увид во целата програма на Телевизија Алфа која ја побарале во mp4 формат.