Северна Македонија доби поддршка за започнување разговори со Европската унија од Австрија, Чешка и Словенија, еден ден откако Бугарија соопшти дека ќе продолжи да го користи своето право на вето за да го блокира официјалното членство на Скопје.
Министрите за надворешни работи на трите земји изразија поддршка за започнување разговори за членство со северна Македонија и Албанија, велејќи дека одделни билатерални прашања не треба да го блокираат проширувањето на ЕУ.
Бугарија соопшти дека нема намера да го укине ветото за започнување разговори меѓу северна Македонија и ЕУ, поради спорните прашања со Скопје околу јазикот и историјата.
Софија, која се приклучи на ЕУ во 2007 година, сака Скопје да признае дека македонскиот идентитет и јазик имаат бугарски корени.
За да се одобри рамката за започнување разговори со земја аспирант, потребно е едногласно гласање од сите членки на ЕУ.
Австрискиот министер за надворешни работи Александар Шаленберг, чешкиот министер за надворешни работи Јакуб Кулханек и главниот дипломат на Словенија Анзе Логар пристигнаа во Скопје за да понудат поддршка за почетокот на разговорите, закажани за јуни.
Овие тројца министри се очекува да ја посетат Албанија на 23 мај.
Кулханек рече дека „не е фер“ земја-членка на ЕУ да го блокира процесот заради билатерални прашања.
„Ова е клучно време, не смееме да дозволиме процесот да застане заради овие барања“, рече тој.
Многу земји на Запад ја повикуваат ЕУ да го забрза процесот на преговори за членство, велејќи дека членството на земјите од Западен Балкан во европскиот блок е начин за борба против влијанието на Русија и Кина во регионот.
Скопје првпат аплицираше за членство во ЕУ во 2004 година и доби позитивна оценка од Европската комисија во 2005 година.
Северна Македонија постигна договор со Грција за ставање крај на речиси тридеценискиот спор.
Другите земји од Западен Балкан: Србија, Црна Гора, Косово и Босна и Херцеговина, се наоѓаат во различни фази на нивниот пат кон членството во ЕУ.