Македонија

И во текот на овој месец Пекабеско, како општествено-одговорна компанија, се приклучи на проектот „Волонтираме за солидарно општество“

И во текот на овој месец Пекабеско, како општествено-одговорна компанија, се приклучи на проектот „Волонтираме за солидарно општество“.

Проектот е под покровителство на претседателот Стево Пендаровски, а се реализира заедно со здруженијата „Љубезност“ и „Проект Среќа“, како и со волонтери од партнерски организации.

Покрај Пекабеско, во оваа активност се вклучија и Макпрогрес, Рамстор, Алкалоид, Виталија, Тинекс и ЕВН Македонија, а беа доделени хуманитарни пакети со прехрамбени производи, средства за лична хигиена и за одржување на домаќинствата наменети за поддршка на граѓаните од најранливите категории кои се во социјален ризик, погодени од кризата предизвикана од пандемијата на коронавирусот.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни