Балкан

Албанија не планира да го укине полицискиот час

Иако е стабилна состојбата со болеста Албанија не планира да го укине полицискиот час.

Скендер Братај, член на комитетот и директор на Националниот ургентен центар во Тирана, коментирајќи го барањето на унијата на угостители за ослободување од мерките рече дека мерките ќе продолжат да се ослободуваат, но нема да бидат укинати целосно.

Според одлуката на Комитетот полицискиот час од први јули се скратува за еден час, односно наместо во 23:00 ќе почнува на полноќ и ќе трае како и до сега до 6 часот. Во врска со барањето да се дозволи музика во угостителските објекти и по полноќ, а не како до сега до 22:00 часот, тоа не е поврзано само со заразата, туку со фактот дека локалите се во станбени области и музиката станува вознемирувачка за жителите во тие области – вели тој.

Додава дека од први јули ќе се дозволи одржување културни активности со присутност од 30 отсто од капацитетите.

Братај стравува дека мутацијата на делта коронавирусот можно е да се појави во Албанија, поради фактот што нема никакви ограничувања за влез во земјата за странците, но и поради најавата за масовно доаѓање на иселениците, кои, по традиција, летниот одмор го минуваат во родниот крај.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни