Свет

Ужас во Чешка: Апокалиптични снимки по торнадото- сѐ е срамнето со земја, а има и жртви (ВИДЕО)

Разорното торнадо уништи синоќа неколку села на југоистокот на Чешка, оставајќи зад себе најмалку тројца мртви, 200 повредени и огромна материјална штета.

На патот на торнадото се најдоа седум општини, а најпогодена беше провинцијата Јужна Морава, пренесува Ројтерс. Силно невреме откорна покриви од куќи и згради, откорна дрва и се преврте автомобили.

Најпогодените области изгледаат како воена зона на снимките објавени на социјалните мрежи од страна на сведоците на оваа природна катастрофа.

Налетите на ветрот достигнаа 322 километри кога торнадото достигна четврто ниво, што е најсилно во последните неколку децении.

Според заменик-градоначалникот Марек Бабиш, половина од селото Хрушки е срамнето со земја од торнадо.

Гувернерот на Јужна Моравија, Јан Гролиќ рече дека го свикал кризниот штаб доцна синоќа. „Ова е пекол“, рече тој по посетата на погодените области.

Беа мобилизирани спасувачките сили од сите делови на земјата, а на помош пристигнаа спасувачи од Австрија и Словачка. Дронови и хеликоптери се користат за пребарување на урнатините.

„Дрвјата и автомобилите летаа низ воздухот, куќите буквално се распаѓаа од силината на ветерот“, изјави за чешките медиуми еден од членовите на службата за спасување.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни