Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: Заев го ограбува народот со поскапувањето на горивата

„Кризен данок, а не еколошка такса“, го нарекуваат од ВМРО-ДПМНЕ предлогот на Владата да се воведе зелена такса на горивата.

„Кризниот данок на Заев од 4.13 денари врз горивата трајно ќе ја зголеми цената на горивата и со тоа новите давачките кои ги наметна лично Зоран Заев и лично оваа расипничка власт на СДСМ за еден литар гориво ќе изнесуваат цели 14 денари, истакна на денешната прес конференција портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Димче Арсовски.

„Токму заради овие нови давачки на Зоран Заев и СДСМ македонските граѓани плаќаат енормно скапи горива, а само во последната година бензините од 50 денари по литар скокнаа на 71.5 денари, а дизелот од 46 денари по литар скокна дури на 63 денари. И ова е факт кој што граѓаните секојдневно го говорат. Толку големо покачување на цената на горивата доколку не беа давачките на Зоран Заев и СДСМ во форма на акцизи и даноци немаше да има“, рече Арсовски.

Според Арсовска ова поскапување на горивата ќе предизвика ценовен шок во земјата.

Ноќно студио

Најнова епизода

Ноќно студио со Борче Треновски, универзитетски професор 15.10.2026

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни