Балкан

Во Србија 80.000 нарко зависници, најчеста дрога марихуаната

Во Србија има околу 80.000 зависници од дрога поради што директорот на владината Канцеларија за борба против дрога предупреди дека опаѓа свеста кај младите дека марихуаната е штетна по здравјето.

Милан Пекиќ изјави за РТС дека марихуаната е најчесто употребувана дрога во Србија и дека младите не се свесни за здравствените последици поради изјави што не се засноваат на докази.

Тој посочи дека треба јасно да се наведе дека марихуаната е дрога и дека предизвикува проблеми за здравјето на луѓето.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни