Скопјанец се здобил со тешки телесни повреди во сообраќајна несреќа на патот Скопје-Велес.
„Вчера во 1:30 часот било пријавено дека на автопат “Пријателство“ Скопје-Велес мотоцикл “хонда“ со скопски регистарски ознаки управуван од А.С.(49) од Скопје паднал на коловозот. Во незгодата моторциклистот се здобил со тешки телесни повреди констатирани во Општата болница-Велес. Извршен бил увид на местото на настанот од увидна екипа од СВР Скопје“, информира МВР.