Магазин

Шеф Никола по трет пат стана татко – „На свет ни дојде уште една мала принцеза“

Никола Мишковски попознат како шеф Никола од „Брза кујна“ постојано го гледаме на ТВ екраните каде со својот колега Марк Де Јонг секојдневно приготвуваат вкусни јадења за гледачите и натпреварувачите на кулинарското шоу, но исто така тој е и веќе позната јавна личност па се почесто е присутен и во медиумите.

Денес тој има голема причина за прослава. Тој со своите бројни фанови и пријатели сподели една прекрасна вестма тоа е дека Мишковски повторно стана татко на уште една ќеркичка.

– На свет ни дојде уште една мала принцеза. Фала ти Стефанија што ми го направи толку среќен и исполнет животот. Ве сакам, стои во објавата која познатиот готвач ја сподели на социјалните мрежи заедно со фотографија од розеви бебешки обувки.

Никола е горд татко на три деца. Од првиот брак го има синот Дарин, а со сопругата Стефанија ја имаат и ќеркичката Дарија.

Ноќно студио

Најнова епизода

Ноќно студио со Горан Минчев, министер за јавна администрација 24.09.2026

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни