Македонија

ФОТО: Филипче на гости кај младиот Блаже кој доби бубрег од Верица

Министерот за здравство Венко Филипче вчера беше на гости кај младиот Блаже Сапунџиев кој доби бубрег од Верица, девојката која трагично настрада во сообраќајна несреќа, а нејзиното семејство спаси четири животи со донирање на органите.

-Тој уште од четири годишна возраст бил на дијализа заради проблеми со бубрезите, се до неговата девета година кога му е пресаден бубрег кој му го донира неговата мајка, Форка. За жал, на 18 годишна возраст, бубрегот откажува и Блаже мора да продолжи со дијализа. Дијализа прима уште десет години до својата 28 година, вели Филипче.

Во април годинава Блаже го доби бубрегот на Верица.

-Блаже денес живее живот без дијализа со своето прекрасно семејство благодарение на органодарителството и хуманоста на семејството на Верица. Во изминативе 15 месеци навистина постигнавме чудо во оваа област. Извдовме четири транспалнтации на срце, 12 бубрези и за прв пат се изведе транспантаација на коскено ткиво, напиша Филипче на ФБ.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни