Предлог-законот со кој ќе се воведе еколошка такса на горивата се носи по скратена постапка поради Парискиот договор за климатски промени, изјави вицепремиерот задолжен за економски прашања, координација со економските ресори и инвестиции Фатмир Битиќи.
– Мислам дека се уште не е дефинирано дали ќе се оди со европско знаменце, тоа ќе видат правниците и ние прифаќаме дека така треба да биде. Меѓутоа, ние сме меѓу оние земји кои треба да имаат дадено национален придонес кон Парискиот договор и затоа мислам дека не треба да се отстрани европското знаме од законот, нагласи Битиќи во емисијата „25 минути“ на ТВ 24.