Македонија

Заев аплицираше за дипломатски пасош со „Северна“

Премиерот Зоран Заев денеска аплицирал за нов дипломатски пасош со „Северна“.

Од Владата за порталот велат дека тој до службите упатил писмено барање за издавање дипломатски пасош.

Тој минатата недела во телевизиско интервју најави дека тој во понеделник сабајле ќе го земе првиот пасош со „Република Северна Македонија“.

„Тоа се подготвени документи, министерот за внатрешни работи ми ги презентираше во вторникот на Владата и буквално, од петок ќе почне реализацијата. Еве уште едно ново исполнување од наша страна на Преспанскиот договор“, истакна Заев за ТВ21.

Ноќно студио

Најнова епизода

Што се случува со „Алта банка“? Ноќно студио со Кирил Миноски

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни