Македонија

Студентите од октомври ќе „лапаат“ по 2.400 денари за оброк

Студентите од октомври ќе добиваат финансиска поддршка за субвенциониран студентски оброк. Средствата ќе се уплаќаат директно на лична сметка, со што ќе им се даде можност освен во угостителски објекти да ги користат и во маркетите. Оваа новина е предвидена поради пандемијата и евентуалните рестриктивни мерки на есен, рече министерката за образование и наука Мила Царовска во гостување во Утрински брифинг.

– Ако порано имаше обврска да се трошат само кај одредени угостители кои се регистрирани во министерството, сега финансиските средства одат кај студентите, секако со препорака да се користат за набавка на храна. Можеби сега мерките се релаксирани, но не знаеме што ќе се случува во септември, октомври, ноември, декември кога студентите ќе треба да го добиваат овој додаток, а замислете рестораните се затворени и работат само продавниците. Со законските измени овозможуваме ова право да се оствари независно од пандемијата и тие да може да си обезбедат оброк и од маркетите – рече Царовска.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни