Македонија

Полициска акција во Македонија: Запленета дрога, пари – вмешани и екс-вработени во МВР

Почнувајќи од минатиот месец, од страна на Одделот за криминалистичка полиција и Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал беше спроведена истрага насочена кон лица инволвирани во организирање на меѓународни транспорти на марихуана од Република Албанија преку Република Северна Македонија кон Република Грција, а организатор на криминалната група инволвирана во меѓународни транспорти на марихуана е М.А. (50) од Гевгелија.

Во текот на истрагата беа добиени информации и податоци дека овие лица во периодот од 19.07.2021 година ќе организираат пренос на поголема количина на марихуана од Албанија до Струга потоа до Гевгелија, со цел истата да ја транспортираат кон Грција.

На 22.07.2021, И.К. (37) од Гевгелија, З.Б. (52) од с. Грчиште, Валандово и Д.С. (27) од с. Марвинци со возило „опел вектра“ со гевгелиски таблички се упатиле кон с. Јанковец-Ресен, каде оствариле средба со Д.Д. (38) од с. Ливата, Струга, кој пристигнал со возило „опел вектра“ со ресенски таблички, а со кое Д.Д. ја донел и претходно обезбедената марихуана. Тоа возило било преземено од Д.С. и тој се упатил од с.Јанковец во правец на Градско, а И.К. и З.Б. со возилото со гевгелиски таблички се движеле пред него во улога на чистачи.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни